Лавров: Неодговорни изјави за ескалација од оние што не помирисале барут
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Ноември 2024
Изјавите на претставниците на НАТО за превентивни напади врз Руската Федерација се неодговорни, се гледа дека „не помирисале барут, туку сакаат да соберат ловорики“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Тоа го изјави некој апсолутно неодговорен адмирал. Таму има многу луѓе кои не ни помирисаа на барут, туку ставија еполети“, изјави шефот на руската дипломатија во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Коментирајќи ги наводите на „Њујорк Тајмс“ дека некои функционери од САД и Европа се за предавање на нуклеарното оружје на Украина, Лавров рече дека „политичарите се тука постојано да привлекуваат внимание кон себе“, пренесува РИА Новости.
Според него, во Русија има политичари кои многу зборуваат за ескалација.
„Одлуката ја носи врховниот командант. Се надевам дека тоа треба да биде случај и во САД“, рече Лавров, пренесува Танјуг.
Претходно, на конференцијата во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за да се извршат прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт пренесува руската агенција.
„Њујорк тајмс“ минатата недела објави дека некои неидентификувани западни функционери навестиле дека американскиот претседател Џозеф Бајден може да и даде нуклеарно оружје на Украина пред да ја напушти функцијата.
Украина го наследи нуклеарното оружје од Советскиот Сојуз по неговиот распад во 1991 година, но го врати според договорот од 1994 година, таканаречениот Будимпештански меморандум, во замена за безбедносни гаранции од Русија, САД и Велика Британија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс