(Видео) Сведоштва од нападот во Њу Орлеанс: „До мене долета тело“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Јануари 2025
Очевидци на нападот во Њу Орлеанс, кога маж со своето возило влетал во толпа луѓе, убивајќи најмалку 10 и повредувајќи најмалку 30 лица, за Си-Ен-Ен ја опишале паниката и ужасот што се појавиле на улиците на историскиот град во Луизијана.
Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://x.com/Seno_Vibes/status/1874418678894301407?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1874418678894301407%7Ctwgr%5Eb3cd10c9264c9696133f861c0c5212a1e8e4c76e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d181d0b2d0b5d0b4d0bed188d182d0b2d0b0-d0bed0b4-d0bdd0b0d0bfd0b0d0b4d0bed182-d0b2d0be-d19ad183-d0bed180d0bbd0b5%2F
– Видов пикап како удира во сите на тротоарот на улицата Бурбон. Тело долета до мене – рекол 22-годишниот Кевин Гарсија, додавајќи дека слушнал истрели.
Друг сведок, 22-годишната Вајт Дејвис, изјави за Си-Ен-Ен дека во моментот на инцидентот била во ноќен клуб на таа улица.
-Сите почнаа да викаат и да трчаат, потоа бевме затворени на кратко, потоа ситуацијата се смири, но не не пуштија да си заминеме. Кога конечно не пуштија од клубот, полицијата не упати каде да одиме и ни рекоа брзо да го напуштиме просторот. Видов неколку тела кои не успеаја да ги покријат и многу на кои им беше укажана прва помош – рече таа.
Според досегашните информации, во нападот загинале најмалку десет лица, а 30 се повредени.
Градоначалничката на Њу Орлеанс рече дека го смета ова за терористички напад.
– Знаеме дека градот Њу Орлеанс е погоден од терористички напад – рече таа, истакнувајќи дека инцидентот се уште е под истрага.
Очевидци изјавија за CBS дека возилото со голема брзина влетало во толпата, а потоа возачот почнал да пука, по што полицијата возвратила. Полицијата не ги потврди овие наводи.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат многу жртви на теренот, а во позадина се слушаат истрели.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс