Папата Франциско во својата новогодишна порака ги повика верниците да го отфрлат абортусот

Папата Франциско ја започна 2025 година со обновување на својот повик до верниците да го отфрлат абортусот, повикувајќи на цврста посветеност за заштита и почитување на животот од зачнување до природна смрт.

 

Во средата папата отслужи nовогодишна миса во базиликата Свети Петар, посветена на Богородица, пишува АП.

 

Во својата проповед, тој се молеше сите да научат да се грижат за секое родено дете и да го чуваат скапоцениот дар на животот: животот во утробата, животот на децата, животот на страдалниците, сиромашните, постарите, осамените и оние што умираат“.

 

„Барам цврста заложба за почитување на достоинството на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт, за секој човек да може да го цени својот живот и секој да гледа кон иднината со надеж“, рече тој.

 

Тој се пожали во првите месеци од неговото назначување во 2013 година дека црквата станала опседната со „малкуумни правила“ за контроверзни прашања како што е абортусот.

 

Сега отворено го споредува абортусот со некој што вработил убиец за да „реши проблем“, пишуваат медиумите.

 

Неодамна, во Белгија, тој го критикуваше тогашниот закон за абортус како „смртоносен закон“.

 

За папата, кој страда од респираторни проблеми, овогодинешната сезона беше уште поголем предизвик бидејќи 2025 година ќе биде јубилејна или света година во Ватикан. Станува збор за прослава на верата што се одржува во Рим еднаш во четвртина век, а која се очекува да донесе 32 милиони аџии во Рим во текот на 2025 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.