Цетиње по масакрот: Улици пусти, знамињата на половина копје

На пладне на државен празник улиците на Цетиње се се уште речиси целосно празни, а знамињата спуштени на половина копје, по убиството на 12 лица, додека четворица тешко ранети се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

 

Тројца од четири ранети се стабилни, но нивните животи се уште се загрозени и не се исклучува можноста за компликации. Четвртиот ранет е во многу тешка состојба по хируршката интервенција која траеше до утринава, изјави претходно денеска Александар Радовиќ, директор на хрватскиот клинички ценатр .

 

Како што соопштија од полицијата за Подгорица вијести, имињата на убиените, меѓу кои и две деца, нема да бидат соопштени, бидејќи, како што наведоа, тоа не е вообичаено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.