Американскиот државен секретар оди во посета на Јужна Кореја
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јануари 2025
Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен следната недела ќе ја посети Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул. Земјата е втурната во политички превирања, а нејзиниот отповикан претседател се спротивставува на апсењето.
Јужна Кореја е клучен безбедносен сојузник на Вашингтон, но земјата ја потресе криза предизвикана од неуспешниот декрет за воена состојба на претседателот Јун Сук Јеол пред еден месец. Блинкен ќе се сретне со својот колега Чо Тае-Јул следниот понеделник, соопшти Министерството за надворешни работи на Сеул.
„Се очекува тие да разговараат за јужнокорејско-американската алијанса, соработката меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, севернокорејските прашања и регионалните и глобалните предизвици“, соопшти Министерството.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс