Ханој прогласен за најзагаден град во светот
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јануари 2025
Главниот град на Виетнам, Ханој, денеска е прогласен за најзагаден град во светот кога на кубен метар се измерени 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ 2,5.
Ханој во последните неколку недели е покриен со густ смог, што е резултат на големо количество возила, палење ѓубре и индустриски активности, пренесува „Ројтерс“.
Вицепремиерот Тран Хонг Ха во четвртокот повика на забрзана транзиција кон електрични возила (ЕВ) како дел од напорите за намалување на загадувањето, објавија државните медиуми.
Целта на виетнамската влада е најмалку 50 отсто од автобусите, како и сите такси-возила, да бидат електрични до 2030 година.
Мештаните велат дека загадувањето влијае на нивното здравје и дека сметаат оти состојбата со загадувањето во последно време е влошена. Оваа југоисточна азиска земја, регионален индустриски центар, со една од најбрзорастечките економии во Азија, со години известува за сериозно загадување на воздухот во поголемите градови, особено во Ханој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс