„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Јануари 2025
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми, човекот се заразил од ќерка му, која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгијадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун, рече дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да видиме дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме детаљниот преглед, кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгијадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема особена причина за загриженост за вирусот ниту за Грција ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше ковидот во 2019 година кога почна од Кина. Станува збор за познат вирус, кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгијадис.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс