Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс

Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.

 

Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.

 

Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.

 

Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.

 

„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.