Четиригодишно момче пронајдено мртво во Романија, на телото имало траги од каснување
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Јануари 2025
Малиот Јанис (4) од Крајова, Романија исчезна во неделата, а неговото безживотно тело беше пронајдено неколку часа подоцна. На неговото тело имало траги од каснување, поради што соседите вината за неговата смрт ја лоцираат во глутница кучиња кои се собирале во околината.
Исчезнувањето на Јанис го пријавила неговата баба во Крајова. Надзорната камера го снимила пред куќата како оди на тротинет.
Неколку часа подоцна, момчето било пронајдено мртво во блиската нива. На безживотното тело на детето биле пронајдени траги од каснување, а преплашените соседи ги обвиниле глутниците кучиња кои се насобрале во околината.
Полицијата во Крајова отвори истрага откако четиригодишно момче беше пронајдено мртво, недалеку од неговата куќа. Локалните жители и властите го барале момчето неколку часа откако неговата баба го пријавила како исчезнато. На телото на детето има траги од каснувања од животни, а обдукцијата потврдила дека смртта настанала како последица на трауматски и хеморагичен шок, последици од каснувања, повреди кои можеле да настанат како последица на агресија на животните“.
Момчето кое го чувала само неговата баба, вчера попладне си играло со други деца на улица. Инаку, на снимката од надзорните камери се гледа како четиригодишно момче седи на тротинет и заминува пред куќата.
Меѓутоа, во еден момент бабата забележала дека нејзиниот внук исчезнал пред куќата. По неколкучасовно чекање да се врати, таа ги известила надлежните, а во околината веднаш бил издаден RO-Alert со опис на детето.
„Го најдовме изеден од кучиња, на глава, на грб, мртов, во тој крај“, вели мештанинот.
Полицијата соопшти дека момчето било пронајдено мртво на празно поле, на околу 700-800 метри од куќата.
„Разговаравме со сите соседи и со сите што го видоа во последните моменти од неговиот живот“, рече Адријан Капрару, главен комесар.
Проблемот со кучињата скитници наводно го пријавиле повеќе лица, но тој не е решен.
„Овде, на овој крај, се собраа сите кучиња во Крајова, веќе немаме храброст да одиме во парк, никаде, поради кучињата, толку многу кучиња се собраа на овој крај“, вели револтиран сосед.
Надлежните се уште водат истрага за да откријат како точно се случила трагедијата, според медиумите во регионот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс