Девојка со интересен транспарент на протест во Србија насмеа многумина

Во Србија се одржуваат масовни протести, а пред два дена во Лазаревац на повикот на матурантите голем број граѓани излегоа на улиците да им дадат поддршка на студентите што протестираа и да им оддадат почит на загинатите при уривањето на натстрешникот во Нови Сад.

 

Меѓу демонстрантите се издвои една девојка, која држеше транспарент со интересен натпис, кој стана вирален хит на социјалните мрежи.

 

„Не го сменив поранешниот, но ќе го сменам системот“, пишува на транспарентот, кој насмеа многумина. Во коментарите под објавата на „Фејсбук“ се огласи и наводниот автор на пораката.

 

„Транспарентот е мој. Дозволете ми да објаснам. Поранешниот е поранешен затоа што не сакал да се смени и затоа е логично поранешен. А системот не функционира и мора да се промени, разбирате?“, објасни таа во коментарите, а многумина напишаа дека нејзината порака е една од најоригиналните што ги виделе на протестите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.