(Видео) Илон Маск доби на подарок моторна пила: „Ова е пила за бирократијата“

Илон Маск, кој го предводи американското Одделение за владина ефикасност (DOGE), зборуваше на конференција во Националното пристаниште во Мериленд, држејќи го подарокот што претходно му го подари аргентинскиот претседател Хавиер Милеј – моторна пила.

„Ова е пила за бирократијата“, рече Маск, кревајќи ја пилата во воздух, пренесе Ројтерс.

На црвената метална пила е изгравирана порака од аргентинскиот лидер на шпански: „Viva la libertad, carajo“ или „Да живее слободата, по ѓаволите“.

 

 

 

Маск предводи знчителни кратења во американската влада, што влијае на банкарските работници и десетици илјади други државни службеници.

Американската даночна управа во четвртокот известила 6.000 вработени дека ќе бидат отпуштени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.