
Нетанјаху: Хамас ќе ја плати цената за враќање на телото што не ѝ припаѓа на израелската заробеничка
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Февруари 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Хамас за кршење на договорот за прекин на огнот во Газа.
Тој вели дека групата ќе ја плати цената за враќањето на телото што не ѝ припаѓа на заробеничката Шира Бибас, пренесува „Ал џезира“.
Тој тврди дека ДНК-тестот покажува оти телото не му припаѓа на ниеден од другите заложници.
Меѓу четворицата ослободени од Газа вчера беа идентификувани посмртните останки на двата сина на Шири Бибас.
Газа вели дека нејзините останки биле измешани со останки на други луѓе по израелскиот воздушен напад.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
