Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се осврна на сѐ позатегнатите односи меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Тој го повика својот наследник на чело на Украина да избере помек пристап во односите со САД.

 

Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој останува политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година. Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, тој рече дека Зеленски треба да престане да се однесува како на стадион.

 

„Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата“, додаде Порошенко.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.