Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател Доналд Трамп.

Сè уште не се познати сите клучни детали од договорот што Доналд Трамп и Володимир Зеленски ќе го потпишат денеска.

Украинскиот премиер Денис Шмихал вчера изјави дека прелиминарниот договор предвидува формирање „инвестициски фонд“ за обнова на Украина. Фондот заеднички би бил управуван од Киев и Вашингтон „на еднакви услови“, при што Украина во него ќе инвестира 50 отсто од идните приходи од минералните ресурси на државата, нафтата и гасот, а средствата потоа ќе се користат за проекти во земјата.

Зеленски го потврди постоењето на фондот, но за Би-Би-Си изјави дека е „прерано да се зборува за пари“. „Њујорк тајмс“ наведува, повикувајќи се на нацрт-договор, дека САД ќе поседуваат најголем можен удел во фондот според американскиот закон, но не нужно и целиот фонд.

Според извештаите, Вашингтон првично барал украински минерални ресурси во вредност од 500 милијарди долари, што Киев го одбил, а тоа барање подоцна било повлечено. Зеленски се залага договорот да вклучи силна американска безбедносна гаранција, но Трамп вчера посочи дека самиот договор може да послужи како форма на заштита за Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.