Шекеринска од Брисел: Мирот во БиХ е црвената линија на НАТО

Радмила Шекеринска, заменичката на генералниот секретар на НАТО, се обрати до медиумите од седиштето на алијансата во Брисел пред состанокот на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина со холандскиот премиер Марк Руте.

 

Во изјавата што доаѓа во клучен момент за регионот Шекеринска јасно стави до знаење дека НАТО останува цврсто ангажиран во Западен Балкан, особено кога станува збор за безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина.

 

„Нашата посветеност кон БиХ и целиот регион трае со години, а неодамна министрите за надворешни работи на членките на НАТО ја потврдија оваа непоколеблива посветеност, рече таа, предупредувајќи дека алијансата сè уште е загрижена за развојот на политичката ситуација во БиХ“, пренесуваат тамошните медиуми.

 

Во своето обраќање Шекеринска нагласи три клучни позиции на НАТО:

 

– Прво, таа нагласи целосна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор. „Дејтон мора да остане основа на државната стабилност и ред во Босна и Херцеговина“, нагласи таа.

 

– Второ, таа предупреди за важноста на почитувањето на уставниот поредок: „Нема да толерираме создавање безбедносен вакуум или какво било поткопување на цврсто воспоставениот мир. Во ова ќе соработуваме тесно со меѓународните партнери.

 

Таа додаде дека стабилна и функционална БиХ не е само во интерес на нејзините граѓани, туку е и важен безбедносен интерес на НАТО.

 

– Трето, Босна и Херцеговина е важен партнер на НАТО.

 

„Подготвени сме дополнително да ја зајакнеме соработката преку капацитетите што веќе се присутни на терен, вклучувајќи го и нашето седиште во Сараево, како и политичката и техничката поддршка“, изјави таа.

 

Посебен акцент беше ставен на континуираната соработка со мисијата „Алтеа“ на ЕУФОР, како и на зачувувањето на авторитетот на високиот претставник.

 

Шекеринска заклучи дека НАТО го поддржува европскиот и евро-атлантскиот пат на Босна и Херцеговина и дека очекува континуирани реформи и конструктивен дијалог со домашните институции, со порака дека многу е веќе направено, но дека клучните можности за напредок допрва треба да дојдат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.