
Ватикан го објави тестаментот на Папата: Гробот треба да биде во земја; едноставен, без посебни украси
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Април 2025

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште.
Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Franciscus.
Папата исто така напишал дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетелот, кој договорив да биде префрлен во базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
