Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден

 

Авионот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, со кој утрово во 11 часот полета за Москва, е приземјен во Баку и во моментов не може да го продолжи своето патување, бидејќи нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.

 

Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради воените операции, јавува репортер на Танјуг. Се чека одобрение за продолжување на летот.

 

Аеродромите во Москва се, исто така, моментално затворени.

 

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала, принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Си Џинпинг требаше да пристигне за да ја прослави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

 

Во изминатите неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.

 

За потсетување, претходно беше закажано српскиот претседател да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во петок, што беше објавено и од Кремљ.

 

Според „Спутник“, не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за руската престолнина.

 

На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.