„Се надевам дека не се степаа како Макронови“: Захарова за спротивставените изјави од Германија за оружје за Киев

 

На германските власти треба да им се одземат „лажичката за шеќер“ и „хартиеното марамче“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својот „Телеграм“ осврнувајќи се на контрадикторните изјави на раководството на оваа земја за прекинување на дострелот на оружје испратено во Украина.

 

Захарова го привлече вниманието на фактот дека германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл ја негира изјавата на канцеларот Фридрих Мерц за укинување на ограничувањето на дострелот на оружјето испорачано на Украина.

 

„Па, одземете им ги веќе еднаш лажичката за шеќер и хартиеното марамче! „Се надевам дека барем овие двајца не се степаа како Макронови“, нагласи Захарова.

 

Кога францускиот претседателски авион слета на пистата во Ханој, камерата ја сними првата дама на Франција, Брижит Макрон, како го удира својот сопруг. Потоа двојката се симна по скалите на авионот, а Макрон, како и обично, ѝ ја понуди раката на жената, меѓутоа таа го игнорира и ја зграпчи оградата, пишуваат светските медиуми.

 

Макрон денес негира дека се скарал со сопругата Брижит и рече дека тој и неговата сопруга „се шегуваат, како што тоа често го прават“.

 

Макрон истакна дека и други видеа биле погрешно протолкувани вклучувајќи заговори за кокаин и расправија со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавува „Гардијан“.

 

Елисејската палата првин објави дека снимката не е автентична, туку дело на вештачка интелигенција. Но, штом новинарите потврдија дека тоа е вистина, се појави нова верзија на вистината: „Тоа е само брачна расправија“. Друг извор од Елисејската палата изјави дека двојката „се опуштала последен пат пред почетокот на посетата забавувајќи се“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.