
Папата Лав: Плачот на мајки и татковци кои држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Мај 2025

Папата Лав денес апелираше за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас „целосно да го почитуваат“ меѓународното хуманитарно право.
„Во Појасот Газа, интензивните плачења на мајки и татковци кои држат тела на своите мртви деца сè повеќе достигнуваат до небото“, рече поглаварот на Католичката црква за време на неговата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар.
„Го повторувам мојот апел до одговорните: запрете ги борбите“, рече папата.
„Ослободете ги заложниците. Целосно почитувајте го хуманитарното право“, додаде тој.
Папата исто така, повика на крај на војната во Украина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
