
Блиска пријателка на Макронови: Се слушаат телефонски на секој час и половина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Мај 2025

За љубовната приказна на францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит се зборува со години и не престанува да предизвикува внимание и полемики.
Двајцата во последните денови се во фокусот, по инцидентот што се случи на аеродромот во Виетнам кога се симнуваа од авионот, кога можеше да се види дека таа го удира Макрон, што Елисејската палата го опиша како шала меѓу сопружниците, додека експертите за говор на тело речиси сигурно велат дека двојката била во расправија.
Емануел и Брижит се заљубиле во католичкото училиште кое го посетувал на 15-годишна возраст, каде што таа му била учителка.
Оттогаш, изгледа, не се разделуваат. Тоа го потврдуваат изјавите од неодамна објавената биографија, чија авторка Гаел Чакалоф важи за нивна блиска пријателка.
Таа го следеше парот цела година пред да ја напише книгата со наслов Tant Qu’on Est Tous les Deux (Сè додека сме заедно), а во неа особено впечатливи се изјавите за нивната блискост.
Авторката наведува дека францускиот претседател и’ се јавува на сопругата на секој час и половина. Според извори блиски до двојката, Брижит наводно е целосно посветена на својот сопруг и неговиот успех.
Таа управува со неговиот дневен распоред и на некој начин ја има улогата на негов неформален советник.
„Ниту час и половина не поминува без да се чуеме“, се наведува во книгата.
„Тие имаат заеднички календар и знаат точно што прави другиот во секое време“, се додава.
Брижит претходно изјавила дека не сака да спие одвоено од Емануел.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
