
Пет деца хоспитализирани во Италија поради труење со хлор
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јуни 2025

Пет деца се однесени во болница откога пливале во базен во спортски комплекс во областа Боргезијана, на периферијата на Рим.
Најтежок облик на труење има деветгодишно дете, кое е сместено на интензивна нега, објави „Анса“.
Полицијата почна истрага, а според првичните информации, причина за проблемот е труење со хлор во водата од базенот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
