Дете паднало во кома по јадење гумени бонбони „харибо“

Дете паднало во кома по јадење гумени бонбони „харибо“ за кои се покажа дека содржат канабис, потврди болницата „Зикенхуисгроеп твенте“ во Холандија.

Портпаролот на болницата изјави дека не може да дадат дополнителни детали од причини за приватност, но нагласи дека инцидентот првично не бил сфатен сериозно.

„На почетокот се шегувавме за тоа, но се покажа дека е многу посериозно отколку што мислевме“, рече портпаролот.

Според најновите информации, детето сега се чувствува добро и закрепнува.

Полицијата почна истрага за тоа како канабисот се нашол во комерцијално достапните бонбони.

„Харибо“ вчера соопшти дека соработува со властите во истрагата. Официјалната причина за контаминацијата сè уште не е позната.

Како што беше објавено пред неколку дена, Холандскиот орган за безбедност на храната и производите за широка потрошувачка (NVWA) објави дека канабис е пронајден во килограмски кесички со бонбони Hariboo’s Happy Cola F!ZZ поради што производот е повлечен од продажба во целата земја.

Откритието доаѓа по извештаите дека неколку члена на семејство што го јаделе производот се разболеле, објави денес „НЛ тајмс“.

Досега се идентификувани само три кесички бонбони контаминирани со канабис, но „Харибо“ ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.