
(Видео) Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 10 Јуни 2025

Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац.
Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици, вклучувајќи ја и специјалната единица „Кобра“, биле распоредени на местото на пукотницата, која започнала околу 10 часот наутро.
Телото на напаѓачот е пронајдено во тоалетот
https://twitter.com/i/status/1932370585180315716
Ранетите се евакуираат со полициски хеликоптери.
Една наставничка се забарикадирала со своите ученици во училницата за да ги спаси, пишуваат медиумите во Австрија.
Според австрискиот „Курир“, напаѓачот си го одзел животот, а неговото тело е пронајдено во училишниот тоалет.
Полицијата не ја исклучува можноста друг напаѓач да учествувал во масакрот. Штаерската полиција потврди дека во нападот биле употребени неколку оружја, но деталите засега не се познати.
Јавноста е предупредена дека областа на училиштето не е безбедна.
Денешната пукотница се случи во пресрет на десетгодишнината од пукотницата во Грац на 20 јуни 2015 година. Тогаш беа убиени три лица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
