Во Русија протести поради зголемување на старосната граница за пензионирање
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 22 Септември 2018
Илјадници луѓе денеска протестираа ширум Русија поради планот на Владата да ја зголеми за пет години старосната граница за пензионирање.
Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва, што беше во организација на Комунистичката партија и другите левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони.
Планот на руската Влада за зголемување на старосната граница за пензионирање за мажите на 65, а за жените на 60 години, наиде на неодобрување како кај постарите така и кај младите Руси. Повозрасните стравуваат дека нема да доживеат пензија, додека младите наведуваат оти подолгиот работен век ќе ги ограничи нивните шанси за вработување.
Предлогот влијаеше и на падот на популарноста на претседателот Владимир Путин, кој истакна дека е неопходно зголемување на старосната граница за пензионирање.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс