Отворен главниот граничен премин меѓу Јордан и Сирија

Главниот граничен премин меѓу Сирија и Јордан, што е од витално значење за превоз на стоки на Блискиот Исток, по три години,  денеска повторно беше отворен.  

 

Црната метална ограда на граничниот премин, наречена Насиб на сириска страна и Џабер од јорданска, беше отворена во 7 часот за да влезат неколку автомобили со јордански регистарски таблички во Сирија.

 

Тоа  затворање и зададе тежок удар за јорданската економија, изолирајќи ја трговската земја, сиромашна со нафта и природен гас, во голема мера зависна од меѓународната помош.

 

Пред конфликтот во Сирија во 2011 година, стотици камиони секојдневно преминуваа низ слободната зона на таа погранична област, превезувајќи стоки. За Аман, трговската размена по копнен пат со Сирија изнесуваше 615 милиони долари во 2010 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.