Трамп: Јас сум вистински заштитник на животната средина

Претседателот на САД Доналд Трамп се прогласи за „вистински заштитник на животната средина“, но, и покрај консензусот научниците, тој  вели дека не може да каже дали човечката активност е причина за климатските промени.

 

-Сакам апсолутно чиста вода, сакам најчист воздух, каков што веќе имаме, тоа се подобри последната година, рече Трамп, без да посочи на кои податоци се повикува.

 

-Јас сум вистински заштитник на животната средина. Многу луѓе се насмевнуваат кога го слушаат тоа, додаде претседателот, кој ја посети државата Џорџија, по  ураганот Мајкл. 



-Ќе имаме најчист воздух. Но, тоа не значи дека сите фирми треба да стават клуч под чергиче“, вели Трамп. На прашањето за климатските промени, кои во минатото ги нарече „шега“, претседателот одговори: „Има нешто, независно дали се должи на човечка активност или не“.

 

Во јуни 2017 година, Трамп ги повелече САД од Парискиот договор за климатските промени.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.