Европските санкции против Русија им штетат на италијанските компании

Санкциите на ЕУ против Русија се штетни за италијанските компании, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.

 

Тој додаде дека неговата влада сака да ги зајакне врските со Русија.

 

Конте го даде тој коментар еден ден откако вицепремиерот Матео Салвини ги опиша европските санкции како „социјални, културни и економски апсурди".

 

Тој пред Парламентот нагласи дека Русија не треба да се смета за закана, туку како економски и трговски партнер со потенцијално растечка важност во владината програма.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.