Ким Џонг-ун планира посета на Москва. Темата ќе биде денуклеаризација на Кореја

Кремљ соопшти дека ја разгледува можноста севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да ја посети Москва до крајот на годината.

Јуриј Ушков, советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека Москва и Пјонгјанг разговараат за времето и местото на посета на Ким, но оти досега не е постигнат договор.

Изјавата на Ушков уследи откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Северна Кореја, Стивен Бејгун разговараше со рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Бејгун и Моргулов се договориле да ги интензивираат дипломатските напори за денуклеаризација на Северна Кореја. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.