Половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно

И покрај напредокот во намалување на екстремната сиромаштија, речиси половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно. Тенденцијата на пораст на сиромашните продолжува во богатите светски економии, објави Светската банка. 

 

Во својот полугодишен извештај, Банката објави широка анализа за сиромаштијата, со цел да покаже заостанување на некои држави, иако делот од нив, кои живеат во екстремна сиромаштија, заработувајќи помалку од 1,90 долари, се намалува во последните години.

 

Врз основа на проширени критериуми за сиромаштија, во извештајот е констатирано дека бројот на сиромашни луѓе ширум светот е „неприфатливо висок", додека плодовите од економскиот раст  „нерамномерно се распределуваат".

 

Иако глобалниот економски раст во последниве години забави, вкупниот број на луѓе кои живеат во сиромаштија се намали за повеќе од 68 милиони во периодот од 2013 до 2015 година, што е бројка еднаква на бројот на жители во Обединетото Кралство или Тајланд.



И покрај подобрувањата, во извештајот се наведува дека актуелните трендови покажуваат дека целта на Светската банка за намалување на глобалната сиромаштија на помалку од три проценти од светската популација, може да биде недостижна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.