Лондон ќе се откаже од Брегзит или ќе доживее катастрофа

Британските власти денес треба или да се откажат од ветеното излегување на земјата од ЕУ, или да прифатат неизбежната економска катастрофа, доколку ги прекинат врските со Унијата.

 

Ова денеска го изјави францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер на конференција за иднината на Светската трговска организација, што се одржува во Париз.

 

– Британските политички лидери, кои се изјаснија за Брегзит, сега се соочуваат со избор меѓу откажување од своето апсурдно политичко ветување и економска катастрофа, чија прва жртва ќе биде британскиот народ, истакна тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.