Најмалку 8 загинати во снежна бура во источниот дел на САД

Огромна зимска бура го погоди источниот дел на САД, при што загинаа најмалку осум лица.

 

Мешавина на дожд, снег и мраз вчера остави пустош од југот до до североисточниот дел на САД, а десетици илјади домови останаа без електрична енергија.

 

Поради бурата затворени се училиштата, градскиот превоз доцни, а се откажуваат и летови.

– Во одредени делови на Пенсилванија и Нова Англија снежната покривка изнесува од 15 до 30 сантиметри, соопшти Амерканската метеоролошка служба.

 

Во Индијана, Кентаки, Охајо, Западна Вирџинија, Вирџинија, Пенсилванија и Њу Џерси околу 389.000 корисници останаа без електрична енергија.

 

Според метеоролозите, снег и смрзнат дожд се очекува во централниот дел на Апалчките Планини кон североисток. А, исто така, снег ќе паѓа и во северниот дел на Среден Атлантик и во државите во североисточниот дел на САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.