Новинарот од Си-Ен-Ен, Акоста повторно има дозволен влез во Белата куќа

Белата куќа соопшти денеска дека привремено ќе му ја врати акредитација на новинарот од телевизијата Си-Ен-Ен, Џим Акоста, кој беше лишен од пристап до американското претседателство по вербален судир со претседателот Доналд Трамп.

 

– Правосудството денеска јасно посочи дека не постои апсолутно право на пристап во Белата куќа, поврзано со Првиот амандман (во Уставот), изјави портпаролката на Трамп,  Сара Сандерс.

 

Таа додаде дека се планира „да се воведат некои правила и процедури за да се обезбеди прес-конференциите во иднина да бидат фер и уредни".

 

– Во Белата куќа треба да се запази одредена пристојност, заклучи таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.