Поради глобалното затоплување ќе исчезнат чоколадото и пивото!

Стотици милиони љубители на пиво ширум светот би можеле за само неколку децении да останат без својот омилен пијалак.

 

Посевите на растенијата од кои се произведува пивото исчезнуваат поради глобалното затоплување.

 

По минатонеделниот извештај на ОН, дополнителни истражувања покажале дека постојат потенцијални проблеми поврзани со климатските услови во неколку земји, кои се клучни за производството на пиво – Белгија, Чешка и Ирска, пишува списанието „Нејчер планет“.

 

Во студијата, која ја предводел Ви Си, научник од Универзитетот во Пекинг, се нагласуваат најмалку пет модели кои покажуваат дека екстремни временски услови, кои вклучуваат топлотни бранови и суша, би можеле да го намалат родот на јачмен од три до 17%, а тоа неизбежно би влијаело врз љубителите на пивото ширум светот.

 

Истражувачите пресметале дека потрошувачката на пиво би можела да се намали за една третина во Ирска, Белгија и Чешка, за една четвртина во Велика Британија и за 9% во Кина, најголемиот светски потрошувач.

 

Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалак на светот, а намалувањето на производството ќе влијае врз цената.

 

Зголемувањето на цените би можело да варира од 4 до 20 долари за пакување од 6 лименки.

 

Еден од членовите на истражувачкиот тим Дабо Гуан истакна дека пивските житарици не се единствените култури кои ќе бидат погодени од климатските промени.

 

Според него, земјоделците ќе се соочат со покомпликуван избор, а тоа е да одгледуваат луксузни култури или да хранат добиток.

 

Таа дилема ќе доведе и до недостиг на чоколадо, кафе и чај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.