Харадинај: Косово ги гони, а Србија ги наградува тие кои војуваат во други држави

– Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека косовската држава, за разлика од српската, има закон со кој експлицитно ги санкционира своите граѓани кои учествуваат во војни во странство, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Ставот на Харадинај искажан по денешната седница на Владата претставува реакција на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „во Качаник има повеќе терористи припадници на ИД и на Ал Каеда по глава на жител од каде и да е во светот".

За разлика од Косово, рече Харадинај, Србија ги става на платен список двоите граѓани кои, како платеници, војуваат во Украина и Сирија на страната на руската војска.

– Ги слушам изјавите на некои официјални лица од Србија, кои велат дека Косово е присутно во некои земји каде што има конфликти, алудирајќи на борци кои заминале во туѓи војни, значи на џихадистите. Вистината е дека Косово е меѓу ретките земји во светот кои имаат закон експлицитно против учеството на своите државјани во странски војни и истите кривично ги гони. А, разликата меѓу Србија и нас е следната: тие ги имаат на своите платни списоци и ден-денес, било како предвремено пензионирани или пензионирани, било како ветерани или поинаку, оние кои, на пример, како платеници војуваат денес рамо до рамо со Русите во Украина и во Сирија, против Западот и против мирот, изјави Харадинај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.