All for Joomla All for Webmasters

Делегациите на Косово и Албанија го напуштија состанокот на ЦЕФТА во Приштина

– Делегациите на Косово и Албанија го напуштија денешниот редовен состанок на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА, што се одржа во Приштина, соопшти вечерва српската Влада.

 

– Веднаш по излагањето на претставниците на Србија, претставниците на привремените институции за самоуправа во Приштина го напуштија состанокот, по што УНМИК продолжи да претседава со состанокот, кој исто така го напушти и делегацијата на Албанија, со што се загуби потребниот кворум за продолжување на состанокот, се наведува во соопштението.

Според Белград, со напуштањето на состанокот, косовската и алабснката делегација „директно го саботирале обидот по мирен пат да се преговара за решение за прашањето со наметнатите такси од страна на Приштина".

Во соопштението се наведува дека на состанокот Србија „уште еднаш покажала добра волја за решавање на ова прашање на мирен начин и низ  дијалог".

Според српската Влада, шеф на УНМИК, Захир Танин изразил загриженост во врска со „тарифите за српските и босанските производи".

– Таквите акции претставуваат јасно кршење на ЦЕФТА и треба да се повлечат, изјавил Танин, повикувајќи ги лидерите на сите страни да покажат поголема воздржаност и да избегнат понатамошни провокации кои би можеле да ги загрозат изгледите за нормализирање на односите или потенцијално ескалирање на тензиите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.