Трамп лут на неговата популарност, сам си го пресметал својот рејтинг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите анкети биле погрешни и тој самиот си го пресметал својот рејтинг - 75%.

 

Трамп почнал да следи процентите за својот рејтинг и изрази задоволство од студијата која му дава 50%.

"Јас работам напорно, ви благодарам!" напишал тој напиша на Твитер. Пораката е придружена со негова фотографија и огромна "50%" на неа.


Сите други истражувачки компании, како Галуп, му даваат на Трамп значително пониски рејтинзи - во просек 43%.

Според претседателот, неговиот лош рејтинг се должи на истрагата за наводни нелегални или дури и кривични односи со Русија.


"Без лажниот лов на вештерки поради Русија ... Мојот рејтинг би бил повеќе од 75%, повеќе од оние 50%, за кои соопштија од Rasmussen. Ова се нарекува малтретирање на претседателот", напиша Трамп.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.