Отказ за учителка која им кажувала на децата дека Дедо Мраз е фикција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Декември 2018
Учителка во САД е отстранета од нејзиното работно место, бидејќи им рекла на децата дека Дедо Мраз е фикција. Раководството на училиште во градот Монтвил, Њу Џерси, ја презело оваа мерка, откако учителката го разобличила митот пред првачињата, пренесе "Фокс њус".
За време на часот таа им раскажала на децата дека подароците под елката не ги остава веселиот старец, кој не постои, туку нивните родители. Учителката ги разобличила и митовите за летачките елени, џуџињата, самовилата и велигденското зајаче.
Учениците реагирале болно на нејзините откритија. Некои од децата ја напуштиле училницата и плачеле. Нивните родители биле навредени од недостатокот на елементарно познавање на педагогот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс