Порошенко потпиша Закон со кој Русија повеќе не е пријател на Украина

Украинскиот претседател  Петро Порошенко денеска го потпиша Законот за суспензија на Договорот за пријателство, соработка и партнерство помеѓу Украина и Русија.

 

Законот за прекин на Договорот би требало да стапи во сила на 1 април 2019 година.

Претходно, Врховната рада со мнозинство гласови донесе одлука да не го продолжи Договорот за пријателство и соработка со Русија.

Договорот усвоен во 1997, а стапи во сила во 1999 година, предвидува стратешко партнерство помеѓу двете држави во траење од 10 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.