Две (не)чесни сестри злоупотребија 500 000 долари потрошувајќи ги на коцка во Лас Вегас

Две калуѓерки признаа дека украле 500 000 долари и ги прокоцкале во Лас Вегас.

Чесните сестри Мери Крупер и Лана Чанг, кои работат во католичкото училиште Св.Џејмс во Торанс, Калифорнија, ги земале парите од училишните донации и со нив се коцкале низ казината во Лас Вегас.

 

Калуѓерките, кои биле најдобри другарки, земале пари од сметка на училиштето користена за ученички такси и донации, и биле фатени при рутинска ревизија. Тие извесно време не биле забележувани поради тоа што депонирале чекови на училиштето поврзани си нивна одделна приватна банкарска сметка.

 

 

Калугерките, кои само што се пензионираа, изразија каење за нивните активности, и иако полицијата била информирана, училиштето не поткрена криминални обвиненија против нив.

 

Сестрата Мери била директорка на училиштето 29 години, додека сестра Лана била професорка во училиштето 20 години.

Се смета дека тие ги потрошиле украдените пари во период од најмалку десет години патувања и коцкања.

 

 

Во официјалната изјава на Сестрите од Св.Јозеф од Каронделет, редот на калугерките, се вели: „Сестрите потврдија дека ги злоупотребиле паричните средства на училиштето и соработуваа во истрагата. Нашата заедница е загрижена и натажена од оваа ситуација и жали за секоја повреда на нашиот долгогодишен однос со фамилиите од школото“.

 

Во писмо до парохјаните, монсињорот на црквата, Михаел Мајерс, напиша: „Сестра Мери Маргарет и Сестра Лана искажаа на мене и побараа тоа да го пренесам и до вас, длабоко жалење и покајување кои и двете ги чувствуваат, барајќи прошка и молитви“.

 

Родителите на учениците од училиштето беа известени за злоупотребата на парите на почетокот од овој месец.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.