Протести во Будимпешта против Владата на Орбан
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Декември 2018
Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан".
Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер" се четврти по ред во последната недела, што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан.
Партијата на Орбан, Фидес, реагирајќи на протестите во земјата, вчера соопшти дека „се поочигледно е дека учесниците на протестот се криминалци организирани од мрежата на Џорџ Сорос".
Со новиот закон за работа на работодавачите им е дозволено да бараат до 400 прекувремени часа работа годишно, поради што критичарите го нарекоа „закон за робови".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс