Спектакуларни ерупции на вулканот Попкатепетал

Спектакуларни ерупции на мексиканскиот вулкан Попкатепетал во текот на викендов.

 

Вчера вечерта кратерот исфрли 2 километри сноп од пепел, а огромни потоци лава почнаа да течат по падините, пренесоа медиумите.

Во попладневните часови денеска беше регистрирана нова експлозија, додека живата вулканска пепел се издигна на височина од 2,5 километри.

Еруптираниот вулкан често предизвикува неочекувани промени во работата на блиските аеродроми, но за среќа овој пат вулканската пепел не предизвика нарушувања во воздушниот сообраќај.

Попокатепетел, чие име се преведува од јазикот на Ацтеките како "Димната планина", е на 450 метри надморска височина. Се смета за еден од симболите на Мексико. Вулканот се наоѓа на 55 километри југоисточно од главниот град на Мексико Сити.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.