Ди Мајо и Салвини со поддршка за „Жолтите елеци"

Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци".

 

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Ди Мајо напиша на блог дека неговото движење е подготвено да им ја пружи потребната поддршка.

 

–  Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикаа насилство на протестите, но знаеме дека вашето движење е мирољубиво, наведе Ди Мајо.

 

И неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини, актуелен италијански министер за внатрешни работи, дава поддршка за „жолтите елеци", меѓутоа тој додаде дека „апсолутно ја осудува секоја епизода на насилство".

 

– Ги поддржувам пристојните граѓани кои протестираат поради претседателот кој владее против својот народ, но апсолутно и одлучно ја осудувам секоја епизода на насилство, кое никому не му е потребно, рече Салвини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.