Евакуирани странски конзулати во Мелбурн и Канбера

Неколку странски конзулати во австралиските градови Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примиле сомнителни пакети.

 

На интернет страницата на австралиската Влада се објавува дека се евидентирани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарските служби и амбулантни возила се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореја. Австралиската полиција соопшти дека се истражуваат сите околности поврзани со овие инциденти. Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг. Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети.

 

Од конзулатот на Нов Зеланд за телевизијата Еј-Би-Си рекле дека пакетите имале ознака за азбест, а во нив имало пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.