ЕУ бара укинување на смртната казна во Белорусија

Европската Унија реагира на последната смртна казна изречена во Белорусија и потсетува дека смртната казна „не спречува злосторства“.

 

На 9 јануари 36-годишниот Алиаксандр Асипович беше осуден на смртна казна во Белорусија, поради убиство на две девојки кои ги сретнал во ноќен клуб.

 

Европската Унија изрази сочувство до семејствата и блиските на жртвите, но сепак високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, потсетува дека „смртната казна не решава ништо“.

 

– ЕУ е недвосмислено против смртната казна во кои било околности. Смртната казна не спречува злосторства и секаква грешка станува неповратна, стои во соопштението на Могерини..

 

ЕУ од Минск очекува мораториум врз смртната казна, како прв чекор кон нејзино целосно укинување.

 

Белорусија е единствена земја на европскиот континент каде сѐ уште постојат егзекуции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.