All for Joomla All for Webmasters

Трамп сега нема да воведе вонредна состојба

Доналд Трамп потврди дека нема намера да воведе вонредна состојба во моментов и ја очекува одлуката на Конгресот да одвои средства за изградба на граничниот ѕид со Мексико.

 

"Во моментов, не предвидуваме воведување вонредна состојба во земјата. Сакаме Конгресот да ја заврши работата", рече претседателот, цитиран од прес-службата на Белата куќа.

Претходно, Трамп во неколку наврати изјави дека има целосно право да воведе вонредна состојба со цел да добие средства за изградба на ѕидот.

Доналд Трамп сака 5 милијарди долари, но Конгресот му дава само 1,3 милијарди долари. Поради спорот, една четвртина од годишниот буџет не е одобрен и владата е блокрана. Сепак, ова не влијае на структурите на моќта на државата.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.