Венизелос: Ципрас има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата

Поранешниот претседател на ПАСОК и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос смета дека грчкиот премиер ги направил неопходните чекори и има мнозинство во Парламентот и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба на Владата.

Мислам дека господинот Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување" на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба, рекол поранешниот лидер на ПАСОК, во кусата изјава од Солун пред почетокот на промоцијата на неговата книга, пренесува АНА-МПА.

Венизелос додал дека она што го интересира Ципрас, „не е вистинскиот демократски легитимитет, вистинскиот однос со општеството, туку само да го продолжи останувањето на власт, што е на товар на перспективите за закрепнување на земјата", јави дописничката на МИА од Атина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.