Рама: Границата со Косово по принцип на Шенген на пролет

Премиерот на Албанија Еди Рама најави дека границата со Косово по принцип на Шенген ќе биде отворена напролет.

Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим, изјави Рама.

Тоа го нагаласи на традиционален прием за акредитирани дипломати во Тирана.

Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.