Запленети 2 тона кокаин во Латвија

Дрогата беше запленета како резултат на меѓународната полициска операција, објави новинската агенција Ксинхуа.

 

Се верува дека пратката доаѓа од Еквадор. Според Министерството за внатрешни работи на Латвија, кокаинот не е наменет за нивниот пазар. Големопродажната цена е околу 65 милиони евра, но во малопродажба може да достигне над 1 милијарда.

Кокаинот беше откриен во мал град, околу 100 километри југоисточно од Рига. Спакуван е во 42 кутии со различни етикети.

Пет латвиски државјани за кои се верува дека се поврзани со трговија со луѓе се уапсени. Еден од нив веќе е суден за шверц и перење пари.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.