Спасувачите во Шпанија се надеваат за 35 часа да стигнат до детето паднато во бунар

Спасувачите во Шпанија се надеваат за околу 35 часа да стигнат до местото каде што веруваат дека е 2-годишното момче, кое падна во бунар пред шест дена, објавија агенциите.

 

Денеска, водечкиот инженер кој ја координира операцијата за спасување, Ангел Гарсија, рече дека оваа прогноза важи само ако сè "се развие позитивно".


Тој додаде дека сондата во моментов дупчи дупка, а потоа два или три експерти за спасување ќе ископаат хоризонтален тунел до местото каде што мислат дека е детето.

"Се надеваме дека можеме да стигнеме до него што е можно побрзо и да го вратиме на неговите родители", рече Гарсија.

Досега не постои звучен контакт со детето Хулен Розело, кој минатата ноќ падна во буанр, длабок 110 метри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.