Ердоган со остри критики кон САД поради Сирија

"Вашингтон одбива да продава оружје на Анкара, а во исто време бесплатно вооружува терористи. Какво е тоа сојузништво и партнерство во рамките на НАТО?" Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешниот митинг во провинцијата Бурдур.

 

Според Ердоган, решавањето на сирискиот конфликт е прашање кое ги засега не само Сирија, но и Турција, пренесува агенцијата Анадолија, цитирана од медиумите. "Во врска со прашањата кои влијаат на интересите на нашата земја, ние сме подготвени на сè што е потребно", додаде Ердоган.

Тој истакна дека земјите кои ќе соработуваат со Турција, ќе постигнат успех, а противниците на Анкара се осудени на пропаст. "Земјите кои ги поддржуваат терористите, се закана за сопствената безбедност", рече Ердоган, додавајќи дека САД од Ирак до Сирија испратиле од 22 000 до 23 000 камиони со оружје и воена опрема на терористите.

Турскиот претседател исто така изјави дека Анкара очекува да се исполни договорот за сириската провинција Манбидж, односно зоната треба да биде исчистена од терористи, а власта да биде предадена на локалните жители.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.